Македонија
Три македонски прволигаши добија забрана за трансфери од ФИФА (Фото)

Светската фудбалска асоцијација и во минатото се занимавала со македонски клубови поради неисполнување на јасно утврдени пропозиции, а во најновото соопштение на ФИФА, може да се увиди казна за три прволигаши.
Шкупи и Воска Спорт се најдоа на „црната листа“ на ФИФА како дел од клубовите кои добиваат забрана за реализирање на трансфери, но покрај прволигашите од машка конкуренција, казна има изречено и за ЖФК Љуботен.
Клубот од Тетово добива казна за регистрација на нови фудбалери во три преодни рока, казна која е идентична како онаа што ја добиваат и Шкупи и Воска Спорт.
Бидејќи казната стапува на сила од месец март, тоа значи дека трите македонски клубови нема да можат да пазарат до 2027-ма година, односно зимскиот преоден рок кој тогаш ќе биде отворен во јануари.
Во образложението на ФИФА не се наведува причина поради која се изрекуваат казните, но најверојатно станува збор за насобрани долгови од неисплатени плати кон фудбалери и фудбалерки.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…