Поврзете се со нас

Англија

Три клубови од Премиер лигата сакале да го добијат потписот на Компани

Објавено

на

Foto:x.com/BurnleyOfficial

Баерн Минхен долго време се мачеше да пронајде тренер за да на крајот се реши да го избере Венсан Компани, одлука со која изненади многумина затоа што Белгиецот се уште не е докажан на голема сцена, поточно доаѓа по една тешка сезона во која клубот остана со празни раце на сите фронтови.

Компани во претходните две години работеше во Барнли, тим кој го внесе во Премиер лигата, но и потоа испадна од елитата со него, а кога е во прашање неговото тренерско искуство тука е и епизодата во Андерлехт.

Времето ќе покаже дали Баерн направи вистински избор, а во меѓувреме таткото на Компани, Пјер обелодени дека три клуба од ПЛ го посакувале потписот на неговиот син.

-Тоа беше изненадување за целиот свет. Ама не за мене. Ако погледнете кои тимови веќе тропаа на вратата: лани ги имавте Тотенхем и Челси, сега интерес покажа Брајтон и повторно Челси. Но, кога Баерн, клуб кој е толку добро структуриран на сите нивоа, ќе тропне, вие не одбивате, -истакна Пјер сениор и додаде:

-Во Баерн не се фокусираа слепо на тоа испаѓање. Знаат дека Барнли требаше да освои повеќе бодови. Мислеа дека е добро што Винсент не ја откажува од својата визија кога заостанува, -порача таткото на некогашната ѕвезда на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни