Поврзете се со нас

Шпанија

Три клуба за кои бранеше веќе не постојат, а со 41 година влезе меѓу најдобрите оваа сезона и го запре големиот Реал Мадрид

Објавено

на

Вистинска сензација на денот вчера беше елиминацијата на Реал Мадрид од Копа дел Реј од шпанскиот третолигаш, Алкојано.

Алкојано беше апсолутен аутсајдер на оваа средба, но тоа не му пречеше на искусниот, 41 годишен голман, Хозе Хуан Фигерас да блеска меѓу стативите и да биде херојот на својот тим во историската победа.

Фигерас е голман кој со својата кариера која ја почнал во 1998 година главно бранел во нисколигашите во Шпанија, а вчерашниот успех разбирливо му е најголем во кариерата. Против Реал Мадрид успеа да одбрани дури десет удари упатени кон неговиот гол и со тоа да ги надмине далеку поголемите од него, Облак, Тер Штеген и Хандановиќ кои исто така се соочија со Реал Мадрид оваа сезона, но не успеаја да одбранат толку удари.

Интересно е тоа што дури три клуба а кои бранел Фигерас повеќе не постојат на фудбалската мапа, тоа се Гранада 74, Агилас и Сиудад Мурчија што јасно говори низ какви клубови голманот ја градел својата кариера.

Фигерас во 23 годишната кариера има само еден настап во Ла Лига и тоа како член на Селта Виго каде помина одреден дел од својата кариера, но главно бранеше во вториот тим на овој клуб.

Без сомнеж, Хозе Хуан Фигерас овие денови и дефинитивно е херој на фудбалска Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни