Поврзете се со нас

Италија

Три клуба сакаат да го вратат Инсиње во италијанскиот фудбал

Објавено

на

foto:twitter.com/TorontoFC

Поранешниот италијански репрезентативец, Лоренцо Инсиње може да се врати во европскиот фудбал во текот на овој зимски преоден рок.

Офанзивецот од 2022 година е дел од МЛС составот Торонто, клуб во кој е најплатен играч или севкупно гледано со заработка од 15 милиони евра е на второто место во шампионатот зад Лионел Меси од Интер Мајами (20 милиони евра).

Последните вести се дека Торонто е подготвен за разделба со Италијанецот за кого веќе има интерес од три тима од Серија А и тоа Фиорентина, Комо и Лацио. Наводно „виолетовите“ се во најдоба позиција за обезбедување на неговот потпис, меѓутоа ништо не е решено затоа што во игра е Олимпијакос, ама и тимови од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати кои сигурно би доставиле богати понуди на адреса на некогашниот ас на Наполи.

Лоренцо има 33 години и неодамна посочи дека сонува одново да игра за Италија и тоа на СП, па тоа би требало да значи дека ќе мора внимателно да ја избере новата дестинација, поточно тоа да биде клуб во кој ќе има значаен придонес и воедно да влезе во фокусот на селекторот Лучано Спалети.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни