Поврзете се со нас

Свет

Три градски ривали заинтересирани за Адеми

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми повторно е блиску до напуштање на Динамо Загреб, клубот во кој настапува последните десет години, пренесува хрватски „Индекс“.

За Адеми биле заинтересирани три руски и градски ривали, односно Локомотив, ЦСКА и Спартак, клубови кои би можеле да му понудат и солидни финансиски услови на актуелниот капитен на Динамо.

Проценките се дека Динамо бара 5 милиони евра за Динамо, а тука Спартак заостанува зад другите московски великани, поради фактот што раководството планира да потроши што помалку пари во овој преоден рок.

Адеми на почетокот на годината беше блиску до трансфер во Ал Наср од Дубаи, каде тренер беше Крунослав Јурчиќ, но нашиот интернационалец се откажа од овој потег во последен момент.

Во меѓувреме Адеми потпиша нов петгодишен договор со Динамо, но тоа нема да биде пречка да добие зелено светло за трансфер од хрватскиот првак.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни