Поврзете се со нас

Германија

Три големи клуба ја посакуваат ѕвездата на Лајпциг, бундеслигашот има подготвено одговор

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

Германскиот прволигаш РБ Лајпциг ќе се обиде да ги сочува клучните играчи во овој летен преоден рок, но во фудбалот ништо не е исклучено и секоја добра сума на пари може да ја промени ситуацијата.

„Биковите“ веќе се заштитија кога е во прашање талентираниот Шешко кој потпиша нов договор, меѓутоа една друга ѕвезда е критична и тоа е Дани Олмо. Шпанецот веќе има 26 години и веќе е во фаза кога може да направи голем трансфер со оглед на квалитетите, знаењето, па така во овој момент на неговата врата тропаат три големи клуба.

Според „Sports Zone“ за офанзивецот заинтересирани се Манчестер Сити, Баерн Минхен и францускиот првак Пари Сен Жермен.

Бундеслигашот е свесен за интересот и веќе има подготвено јасен одговор, нема преговори или поточно оној кој сака да го добие Олмо ќе мора да ја активира откупната клаузула вредна 60 милиони евра.

Тој има договор до 30 јуни 2027 година што значи дека Лајциг може да биде мирен и да бара исполнување на неговите услуги за реализација на трансферот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни