Поврзете се со нас

Италија

Три големи италијански клубови официјално побарале намалување на Серија А

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Италијанските клубови побараа реформи во обид да се намали големата разлика во приходи која ја генерираат премиерлигашите, а меѓу најважните идеи е намалување на Серија А од 20 на 18 екипи.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неколку пати јавно бараше посериозни реформи, а вчера за конкретен предлог се одржал состанок на кој претставници на трите најтрофејни и најмоќни клубови разговарале со претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина.

„АНСА“ објави дека Интер, Милан и Јувентус официјално побарале промена на форматот и намалување на бројот на учесници во лигата, а на состанокот биле присутни Бепе Марота, Франческо Калво и Паоло Скарони кој учествувал преку видео врска.

Клубовите стравуваат од дополнителниот број натпревари во календарот и затоа сакаат намалување на лигата, но сигурно дека таквиот предлог нема да им се допадне на помалите клубови кои најчесто не играат во европските купови.

Во понеделник ќе биде одржан состанок на клубовите и можно е да бидат донесени важни одлуки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни