Шпанија
Три големи играчи вечерва ќе се простат од „Бернабеу“, Анчелоти не гарантира минутажа за сите

Реал Мадрид вечерва ќе стави крај на уште една успешна сезона во Ла Лига, но тоа нема да значи и крај на сезоната бидејќи „кралевите“ допрва треба да го одиграат големото финале во Лигата на шампиони.
Карло Анчелоти нагласи дека сака да ја заокружи шампионската кампања во Шпанија со победа над Бетис, натпревар на кој за последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ треба да заиграат Марсело, Иско и Бејл.
Италијанецот на пресот најави дека тројцата можат да добијат шанса, но дека не размислува премногу за нивното збогување од навивачите, бидејќи сите мислат само на она што следи.
Станува збор за три големи имиња кои оставија трага во Реал Мадрид, па иако фановите едвај чекаат клубот да се ослободи од Бејл, Карло не пропушти да нагласи какво значење имаше тој за клубот откако дојде во Шпанија.
– Збогувањето на Марсело, Иско и Бејл? Не зборував со играчите за тоа, бидејќи гледам дека сите играчи се фокусирани само на едно, на натпреварот на 28-ми мај против Ливерпул. Добро е што Марсело и Иско се враќаат во тимот и цел состав е подготвен за достојно затворање на сезоната во Ла Лига.
– Бејл? Договорот му завршува и нема да биде премногу важно дали ќе одигра некоја минута до крајот или не. Бејл е дел од историјата на Реал Мадрид и тој ќе остане вечно запаметен. Беше многу важен во финалиња во Лигата на шампионите и Куповите. Нормално би било цел свет да му оддаде признание за тоа, – изјави Карло.
-
Англијапред 16 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 8 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 17 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 8 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 15 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 15 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски