Италија
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито

Јувентус ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен сезонава, а покрај важноста на бодовите во дербито со Милан, за навивачите ова ќе биде можност и последен пат да видат на дело три ѕвезди на екипата.
Утринава најупатените италијански новинари потврдија дека за Анхел Ди Марија, Адриан Рабио и Леандро Паредес ова ќе биде последен настап на „Алијанц“, бидејќи тројцата дефинитивно нема да бидат дел од Јувентус следната сезона.
Иднината на Ди Марија засега е непозната, Паредес ќе се врати во ПСЖ, додека Рабио го одработи цел договор и без отштета ќе се пресели во клуб кој ќе му ги исполни бараните финансиски услови, кои се нереални за Јувентус во моментов.
„Бјанконерите“ го потврдија составот со кој ќе се соочат со Милан, а во него го нема Душан Влаховиќ, кој не успеал да ја санира повредата која го измачува последните денови, па Макс Алегри нема да смета на српскиот напаѓач на денешното големо дерби.
Во составот се враќа Бонучи, а од неизвесните тука е и Алекс Сандро, кој ќе конкурира за настап и на оваа средба.
Милан со еден бод ќе си го потврди учеството во Лигата на шампионите, додека Јувентус ќе се обиде да се приближи барем до позиција за место во Лига Европа (заостанува два бода зад петтопласираната Аталанта).
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)