Поврзете се со нас

НБА

Тргни се од патот: Бравурозниот Шарп го изведе забивањето на сезоната во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/trailblazers

Портланд успеа да победи на гостувањето кај Вашингтон со 121:129, пред се благодарение на кошаркарската симултанка која ја имаше Шејдон Шарп.

Младиот 21-годишен Канаѓанец имаше брилијантно издание и уфрли 36 поени, но посебно го привлече вниманието поради еден потег кој се врти на социјалните мрежи во Америка.

Шарп на многу млада возраст се издвои како еден од најдобрите мајстори за забивање во американската елита, статус кој го оправда со еден монструозен потег рано утрово.

Според американските медиуми, Шарп против Визардс го изведе најдоброто забивање оваа сезона, а НБА како организација реши да ги сподели сите досегашни негови лудории во најсилната кошаркарска лига во светот.

Ѕвездата на Портланд многу брзо се етаблираше како неверојатна атлета за која решение немаат и најдобрите дефанзивци, па така рано утрово негова последна жртва беше Џастин Шампејн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни