НБА
Тргни се од патот: 40-годишниот ЛеБрон го изведе забивањето на сезоната во НБА лигата (Видео)
ЛеБрон Џејмс поставува нови стандарди и нови рекорди во петтата деценија од животот, а рано утрово најверојатно го режираше и забивањето на сезоната во НБА лигата на 40-годишна возраст.
„Кралот Џејмс“ не можеше да спречи пораз на Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Далас, но затоа беше доволно инспириран на стартот на мечот за да изведе бравура за најавните шпици во најсилната кошаркарска лига во светот.
ЛеБрон се залета како во најдобрите денови и беше цврсто решен да испорача моќно забивање, а тоа го направи со страшна атракција која не остава никого рамнодушен.
Додека беше лет, ѕвездата на Лејкерски ја префрли топката од десната во левата рака, па дури тогаш испорача забивање кое сигурно е кандидат за потег на сезоната.
Фрапирани од неверојатното забивање на „кралот“ останаа и коментаторите, кои во истата прилика ја нагласија возраста на Џејмс, како и годината во која се случува ова ремек-дело во НБА лигата.
ЛеБрон го заврши мечот со 18 поени, 10 скокови и 8 асистенции, но победата ја остварија играчите на Далас кои славеа со 118:97.
LEBRON JAMES. pic.twitter.com/BD5J2kTsq3
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 8, 2025
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија12 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)