Поврзете се со нас

Македонија

Трето засилување, трет дефанзивец: Вардар ангажираше добро познато име во мак-фудбалот

Објавено

на

Вардар ги разочара своите навивачи и имаше ужасни резултати во првиот натпреварувачки дел од сезоната, факт кој ја натера управата веднаш да го засилува делот кој изгледаше убедливо најслабо во изминатите четири месеци.

Претпоследниот тим во Првата македонска фудбалска лига се засили со Михал Пинтер од Словачка кој досега настапуваше за Шкупи, брзо го договори и Георги Јанкулов од Брера, а денеска потпиша и со трет дефанзивец.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб денеска потврди дека го ангажирал и 25-годишниот Михаил Маневски, левиот бек кој е познат по своите настапи во Првата македонска фудбалска лига.

Досегашниот член на Тиквеш го менува Кавадарци со Скопје и го облекува дресот на Вардар, се со цел да му помогне на клубот да ја избегне борбата за опстанок и да заврши во мирниот дел од табелата.

Маневски има долг стаж во најсилната лига во нашата земја, бидејќи пред Тиквеш настапуваше и за Брегалница, Академија Пандев, Силекс, Гостивар и Шкендија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни