Поврзете се со нас

Шпанија

Трето најскапо засилување во историјата на клубот: Билбао договори напаѓач од Брага (ВИДЕО)

Објавено

на

Атлетик Билбао има добра сезона која може да биде крунисана со трофеј во Купот на Шпанија (ќе игра финале со Мајорка), но клубот веќе размислува и за наредната кампања за која договори засилување.

Нов член на составот од Баскија е 24-годишниот Алваро Џало кој досега настапуваше за Брага. Шпанскиот тим за него ќе издвои 15+5 милиони евра со што е трето најскапо засилување во историјата на клубот зад Ињиго Мартинез (32 милиони евра) и Јури Берчиче (24 милиони евра).

Џало е уште еден екслозивен играч од нападот кој може да игра како крило и класичен напаѓач што значи овој дел од екипата добива дополнителна енергија, сила со оглед на тоа што веќе тука се брзоногите браќа Нико и Ињаки Вилијамс, но и Малком Аду Арес.

Договорот е до 30 јуни 2029 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни