Трето издание на „Вози право, вози здраво“ во Скопје

vozi1

Веќе трета година по ред Стопанска банка АД – Скопје ги повикува љубителите на тркала да земат учество во ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на овие чисти транспортни средства.

Секако, со учество во настанот заедно собраните извозени „метри“ќе бидат повторно преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедска култура.

„Вози право, вози здраво“ vol. 3 е овојпат во пролетна шема со повеќе интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк. Ревијалната трка е предвидено да почне во 12 часот од Порта Македонија, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на денот пред трката на пултовите веќе од 11 часот.

На ревијалната трка учество повторно може да земат сите наши сограѓани кои ќе се регистрираат во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка на линкот за регистрација https://apply.stb.com.mk/vozipravovozizdravo

Во меѓувреме, во Градски парк, позади споменикот на Гоце Делчев каде ќе биде поставена бина на посетителите понудени ќе бидат бројни забавни содржини како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, игри, подароци, предизвици и други изненадувања.

Секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а редните броеви на учесниците ќе бидат дел и во извлекувањето на наградната лотарија согласно категоријата во која припаѓаат:
Fixie & Specialized велосипеди, GoPro камери, Hover Board-и, СЕМОС обуки, спортска опрема и други вредни подароци
Стопанска банка АД – Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да застапува една значајна тема како што се чистите форми на транспорт.
Па така, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за точаци, нашите вработените се почесто ги користат како превозни средства, а граѓаните на Град Скопје веќе една година активно го користат СТБ Детскиот велодром, а од неодамна на располагање имаат 5 модерни станици за поправка на велосипеди а во тек е поставување на над 100 паркинг позиции, на локации договорени со активистите кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град.

Во таа насока, Банката повторно го организира „Вози право, вози здраво“ и ја повикува јавноста за учество и поддршка на настанот и целта која ја застапува.

Воедно ве известуваме дека за максимална заштита на учесниците, согласно законските прописи во сабота, на 20.10.2016 ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје.

Facebook Коментари