Трета титула за македонско-руската комбинација: Ѓорческа и Комардина триумфираа на турнирот во Гецо

lina-komardina

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и Русинката, Анастасија Комардина уште еднаш потврдија дека се одлична комбинација во игра на двојки и го освоија ИТФ фјучерсот во Гецо (Шпанија) кој се игра на земјени терени.

Ѓорческа и Комардина во завршниот меч за пехарот беа подобри од Нина Стадлер (Швајцарија) и Ванда Лукач (Унгарија) со 2-0 во сетови. Дуелот на теренот број четири траеше еден ипол час, период во кој Лина и Анастатија освоија 18 поени повеќе од нивните ривалки (78-60) или севкупно тоа им донесе славје од 6-3 и 7-6 (4)

Ова за македонско-руската комбинација беше трета титула во 2019 година, претходно победија во Есен и Минск, турнири кои исто се играа за награден фонд од 25.000 американски долари.

Facebook Коментари