Поврзете се со нас

Мото ГП

Трета победа во низа за Италијанецот: Бањаја влезе во шампионски ритам и остана недопирлив на Асен

Објавено

на

Фото: https://www.ducati.com

Пеко Бањаја влезе во шампионски ритам и ја оствари третата победа во низа во Мото ГП, а со тоа автоматски сериозно му се приближи на актуелниот лидер во генералниот пласман, Хорхе Мартин.

Шпанецот имаше нов дуел со Пеко и повторно заврши зад возачот на фабричкото Дукати, кој денеска повторно беше недопирлив за конкуренцијата такашто извозе перфектна трка.

Бањаја водеше од почетокот до самиот крај и прикажа хируршки прецизни перформанси, па така после две ипол децении стана првиот возач кој победи на три трки во низа на трката во Холандија.

Патеката Асен полека прераснува во една од омилените кај актуелниот светски шампион, кој претхоодно растот во формата го потврди и на Каталуња и на Муџело.

Зад водечкиот двоец, денеска за место на пиедесталот се избори Енеа Бастијанини, додека Марк Маркез во последниот свиок го премина Вињалес и заврши како четврти.

Веднаш по крајот на трката, Вињалес заработи и казна и загуби едно место, па така во завршниот поредок Ди Џанантонио се најде на петтото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни