Поврзете се со нас

Формула 1

Трета победа во низа: Хамилтон со три гуми го покори „Силверстоун“ (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон успеа да слави на трката за Големата награда на Велика Британија која попладнево се возеше на „Силверстоун“.

Трката беше мирна кога е во прашање самиот врв и тоа до завршницата кога на неколку возаци им пикнаа гумите, а меѓу нив беа Хамилтон, Ботас и Саинц. Последниве двајца за разлика од Луис немаа среќа и на крајот поради тие незгоди во најлошо време останаа без бодови, додека пак Британецот кој водеше од самиот почеток успеа некако да ја заврши трката и тоа на три гуми пред Макс Ферстапен

Ова за актуелниот шампион во Ф1 беше трета победа во низа, седна на домашен терен на „Силверстоун“ или поточно 87 во кариерата.

На втората позиција заврши Ферстапен од Ред Бул, а место на пиедестапот имаше и за Леклер од Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни