Поврзете се со нас

Шпанија

Трета чиста мрежа за Димитриевски, Рајо Валјекано ги израдува навивачите на „Валјекас“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RayoVallecano

Екипата на Рајо Валјекано ја запиша првата сезонска домашна победа во Примера во оваа сезона и тоа на пресметката со Алавес.

Клубот од Мадрид се избори за триумф од 2-0 и со тоа воедно им се врати на позитивни резултати во првенството со оглед на тоа што во претходните две рунди загуби од Атлетико Мадрид и Бетис.

Домаќините беа далеку подобри, поангажирани на вечерашниот меч на кој стрелци на головите беа Палазон од пенал и Де Фрутос во второто полувре.

Нашиот Столе Димитриевски кој поради ситна повреда го пропушти дуелот со Малта, беше активен низ сите 90 минути на „Валјекас“, поточно ја запиша третата чиста мрежа во кампањата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни