Трет триумф во низа на Шонка, пресврт на врвот на табелата!

Photographer Credit:
Balazs Gardi/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Balazs Gardi/Red Bull Content Pool

Победникот на претходните две трки во Будимпешта и Казад, Мартин Шонка, оствари уште еден импресивен триумф на трката во Австрија, каде што беше најбрз токму во последната рунда, кога беше најпотребно.

Организаторот пријави посетеност од 40 илјади луѓе кои ги следеле најбрзите трки во кои акробатските авиони навигираат меѓу воздушни кули возејќи со 370 километри на час и искусувајќи гравитациски сили од 12G. На задоволство на бројните чешки фанови, Шонка во рундата на четири најдобри пилоти го совлада Мат Хол, кој имаше рекорд на патеката во летот на 8 најдобри пилоти, но не успеа да го повтори истото во финалето.

Трката во лулката на европската авијација каде што пилотите поаѓаа од стоечки старт, започна со впечатливо отворање на рундата од 14 пилоти, кога Американецот Мајкл Гулијан, кој дојде во Австрија на врвот од табелата на светскиот шампионат, заработи казна од две секунди и ја загуби предноста. Со тоа се отвори можноста за пилотите кои беа изедначени на втората позиција од табелата, Шонка и Хол.

Бранителот на титулата од минатата година, Јошихиде Муроја за малку ќе им ги расипеше плановите со време од 59,324. Но, Шонка остана прибран и се вивна низ стартот со лет кој им го одзеде здивот на сите и помина низ финишот со време од 59,288. Младиот Французин Мика Бражо имаше задоцнување од 0.800 секунди, па остави место за Хол, чие време од 59,371 беше доволно добро за трето место на подиумот.

Шонка имаше тежок почеток на сезоната со две дисквалификации во првите две трки, па вложи многу напори за да стигне до првото место на табелата.

– Не можам да опишам какво е чувството да се победи во три трки по ред, немам зборови. Секако, многу е рано да се каже што точно значи ова, но заради сите предизвици со кои се соочивме, ова е неверојатна сезона за нас. Ова не е крајот, има уште 30 поени за освојување. Значи, ни престои напорна работа, две големи битки до крајот на шампионатот. Но, би сакал да продолжиме на овој начин до крајот на сезоната.

Со уште само две трки на американско тло до крајот на сезоната, Шонка води на табелата со 64 поени, Хол има 58, а Гулијан 55. Во меѓувреме, Муроја и Бражо исто така се во игра за подиумот во генералниот пласман, со еднакви поени, бидејќи секој има по 34 бода. Следната станица е автодромот во Индијанаполис, каде што Шонка ја изгуби титулата од Муроја во последната трка од сезоната 2017. Но, дали годинава некој ќе успее да ја наруши победничката низа на Чехот?

– Мартин дефинитивно може да биде победен,- изјави Хол, кој и самиот има две победи на трките во 2018. – Тој лета многу чисто, неговиот авион е очигледно многу брз, но ние го имавме најбрзото време на денот во рундата на 8 пилоти (58,394) и јас летав пак по истата линија, но моторот ми беше многу загреан, па изгуби малку сила. Среќни сме што го правиме вистинското нешто за да можеме да победуваме на трки, па ќе тргнеме од таа точка.

Photographer Credit: Balazs Gardi/Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Balazs Gardi/Red Bull Content Pool

Следните трки се на програмата во Индијанаполис на 6-7 октомври и во Форт Ворт на 17-18 ноември. За повеќе информации и најнови вести посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

 

Facebook Коментари