Поврзете се со нас

Македонија

Трет странец во Аеродром: Добро познато име се врати во МЗТ Скопје

Објавено

на

МЗТ Скопје Аеродром работи на комплетирање на составот за новата натпреварувачка сезона на која и се заканува бојкот од страна на играчите кои чекаат исплата од клубовите, па иако неизвесноста за стартот е на завидно ниво, „металците“ денеска го договорија третото засилување.

Составот од Аеродром во новата сезона ќе биде посилен за добро познато име во нашата кошарка, бидејќи Андрија Бојиќ се враќа во Македонија по кратката авантура која ја имаше во Романија.

Бојиќ го носеше дресот на МЗТ пред две сезони и ја освои титулата со овој тим, а сега потпиша нов едногодишен договор и се враќа во јатото на „штрковите“.

Србинот кој е висок 207 сантиметри е трето странско засилување за МЗТ во новата сезона, во која составот има навистина високи амбиции во домашното првенство и во АБА2 лигата.

Претходно беа договорени Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, а тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање има и шест македонски репрезентативци во Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

литехника.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни