Поврзете се со нас

Свет

Трет мандат: Ван Гал повторно ќе биде селектор на Холандија

Објавено

на

Прославениот холандски стручњак, Луи Ван Гал е на добар пат одново да му се врати на фудбалот, на својата љубов и тоа како предводник на земјата на која и припаѓа.

Имено последните информации кои ги соопшти „Де Телеграф“ велат дека Ван Гал се согласил да седне на селекторската позиција во холандската репрезентација која остана празна по Европското првенство и по заминувањето на Франк Де Бур.

Ако се остварат најавите ова за Луи ќе биде трет мандат на клупата на „лалињата“, првиот беше од 2000 до 2002, вториот пак од 2012 до 2014, период во кој Холанѓаните го освоите третото место на мундијалот во Бразил (2014).

Инаку Ван по ангажманот во Манчестер Јунајтед одлучи да одмори, да се повлече, но по се изгледа повикот од репрезентацијата, федерацијата ќе го натера да се врати на обврските.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни