Италија
Трет Италијанец кој го добива престижното признание: Имобиле е новата „Златна копачка“ на Европа

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле и дефинитивно е најдобриот стрелец во Европа за оваа натпреварувачка сезона 2019/2020.
Италијанскиот репрезентативец со 35 погодоци беше на првото место на листата на стрелци, односно само Кристијано Роналдо кој имаше 31 гол се уште можеше да ја загрози неговата позиција. Меѓутоа со оглед на тоа што Португалецот нема да настапи вечерва против Рома, поточно тренерот Маурицио Сари не го вклучи во составот за последното коло во Серија А тоа автоматски значеше дека Чиро ја освојува „Златната копачка“.
Имобиле е третиот Италијанец што е носител на оваа престижна награда која се доделува за најдобриот голгетер на стариот континент, претходно тоа им успеа на Франческо Тоти (16-Рома) и Лука Тони (31-Фиорентина).
Ѕвездата на лацијалите го остави зад себе Роберт Левандовски од Баерн кој бундеслигашката кампања ја заокружи со 34 голови.
Воедно Имобиле вечерва може да постави нов рекорд по бројот на голови во Калчото, да го надмине рекордерот Гонзало Игуаин со 36 голови. Ова значи дека Чиро со еден гол ќе се израмни, а со два ќе дојде на врвот на вечната листа.

- Шпанијапред 16 часа
Зидан го впери прстот кон еден играч по поразот од Атлетик Билбао
- Англијапред 18 часа
Маркус Рашфорд откри од кој менаџер добиле совети за изнудување повеќе пенали на натпреварите
- Шпанијапред 19 часа
Зидан нагласи што му недостасува на Азар и заклучи: Ова ќе беше неуспех само во еден случај!
- Англијапред 14 часа
Погба го трга товарот од плеќите на соиграчите: Не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со нив
- Англијапред 15 часа
Тотенхем предвреме го раскинува договорот со Герет Бејл?
- Светски првенствапред 11 час
Брестовац: Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ
- Англијапред 16 часа
Рашфорд откри за што најмногу жали во својата досегашна кариера
- Англијапред 17 часа
Хаман искрено за коментарот на Марк Клатенбург за Клоп: Тоа што го кажа е вознемирувачко