Поврзете се со нас

Шпанија

Трет германски тренер: Барселона го официјализираше ангажманот на Флик (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Plettigoal

Ханси Флик и официјално е потврден како нов предводник на шпанскиот вицешампион Барселона.

Германскиот стручњак доаѓа на местото на Чави Ернандес кој на крајот беше принуден да го напушто клубот откако управата на чело со Жоан Лапорта за кратко време го промени мислењето и од негов најголем поддржувач стана поборник за идејата за негов отказ, сценариот кое на крајот се реализираше.

Флик последниот ангажман го имаше како селектор на германската репрезентација каде не се прослави, но затоа претходно имаше успешна епизода на кормилото на Баерн Минхен каде освои доста трофеи меѓу кои и Лигата на шампионите.

Договорот на Ханси со Барса е до 30 јуни 2026 година.

Инаку Флик е трет Германец кој ќе има можност да ги води каталонците, претходно тоа го направија Удо Латек и Хенас Вајсвајлер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни