Поврзете се со нас

Англија

Трент призна дека посебно следи еден ривал од Сити: Гледам негови клипови и се обидувам да го копирам

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Трент Александер Арнолд има една специфична улога на теренот од крајот на минатата сезона, па сега не дејствува исклучиво како десен бек, бидејќи со тактичките измени на Јирген Клоп, од него се бара да игра повнатрешно и во средината.

Дефанзивецот на Ливерпул всушност извршува импровизирана позиција каква што му смисли Пеп Гвардиола на Џон Стоунс, па Трент открива дека токму ѕвездата на Маннчестер Сити е примерот кој редовно го следи.

Трент и Стоунс се соиграчи во националниот тим и имаат навистина добар однос, а Арнолд не крие дека во последно време ги гледал сите движења и се обидел да го копира својот ривал од Премиер лигата.

– Како играч кој почна да игра на „извртена“ позиција, или како и да се нарекува истата, тогаш мора да признаам дека Џон Стоунс е примерот кој треба да го гледам. Тој е исклучително добар и неверојатно се адаптираше на таквите услови. Долго сум фан на неговата игра и во последно време гледам клипови од него. Кога ги гледам натпреварите на Сити, посебно се фокусирам на него.

– Од играчите за врска, исто така многу го почитувам и Родри од редовите на Сити. Тој е клучен играч за нив и неверојатно е потценет. Сити не е ист тим без Родри. За да го подобрам движењето на средината, исто така гледам видеа од Бускетс, Чаби Алонсо, Пирло и Стивен Џерард, – открива Трент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни