Поврзете се со нас

Англија

Трент постави историски рекорд во Премиер лигата, па го загрижи Клоп (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Трент Александер Арнолд со години наназад е еден од клучните играчи на Јирген Клоп, пред се во офанзивните замисли на германскиот стручњак кој во него доби еден од најдобрите бекови во светот.

Англискиот репрезентативец постојано се натпреварува со својот соиграч Енди Робертсон, а денеска успеа да го мине на вечната листа и стана рекордер по бројот на доделени асистенции во Премиер лигата.

Арнолд денеска додаде до Жота во победата од 3:1 над Барнли и стигна до 58-ма асистенција во кариерата, што е најмногу од еден дефанзивец во англиската елита.

До денеска го делеше првото место со Робертсон, но најновиот пас за погодок го однесе на првото место и многу веројатно е дека уште долго нема да биде симнат.

Трент има само 25 години и стигна до историскиот број прилично рано, па во иднина ќе има шанса само да го подобрува својот рекорд.

Ова вест беше најдобра за него од мечот со Барнли, кој сепак тој го заврши прерано и со тоа го загрижи Јирген Клоп.

– Трент повторно се пожали на болки во коленото, повторно се пожали на истото место. Ќе мора да видиме за што се работи, ќе направиме тестови. Не изгледа многу лошо, но мора да прегледаме. Тој рече дека е во ред и сакаше да продолжи, но не може така. Мора да бидеме внимателни и не смееме да ризикуваме, – изјави Клоп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни