Англија
Трент му одговори на Мадисон и му зададе „низок удар“: Му го покажав видеото од голот со кој испаднаа од Премиер лигата (Видео)

Англија денеска ќе одигра пријателски натпревар против Австралија како подготовка за она што следи, односно дерби пресметка со Италија во квалификациите за Европско првенство.
Селекцијата на Герет Саутгејт е непоразена во нашата група и практично го има обезбедено својот настап на Европското првенство, па тоа им овозможува на фудбалерите да си разменуваат зајадливи провокации за она што се случува на клупски план.
Џејмс Мадисон ја загреа атмсоферата во репрезентативниот камп со објавата по самото пристигнување во репрезентацијата, кога реши преку социјалните мрежи да го „пецне“ трент Александер Арнолд.
Фудбалерот на Тотенхем го „поздрави“ колегата за поплаките од Ливерпул и барањата дербито да биде преиграно, а неколку дена подоцна, Арнолд му возврати со „низок удар“.
– Не беше за преигрувањето…. Бараше од мене како да го научам да изведувам слободни удари во аголот, но јас му го покажав видеото од мојот гол од слободен кој направи Лестер да испадне од Премиер лигата, – порача Арнолд.
Мадисон пристигна во Тотенхем од редовите на Лестер откако „лисиците“ имаа разочарувачка сезона во англиската елита, а еден од завршните удари за нив беше токму голот на Трент.
Trent savage comeback on Maddison. 🤣 pic.twitter.com/hwabCgkYdP
— Samuel (@SamueILFC) October 12, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него