Поврзете се со нас

Англија

Тренинзите во Премиер лигата од следната недела во нов формат

Објавено

на

Од Премиер лигата ги подготвуваат клубовите да го променат начинот на тренирање веќе од следната недела.

Тоа значи дека од среда или четврток ќе биде дозволено тимовите да тренираат во цели групи и да биде дозволен и контакт на тренинзите.

Враќањето на нормалните тренинзи е клучен фактор за „проектот рестарт“ според кој ќе се водат клубовите пред и официјалното враќање на натпреварите од Премиер лигата.

„Тајмс“ пишува дека  од лигата ќе инсистираат на ваквите тренинзи од следната недела и покрај фактот што се свесни дека ќе наидат на пречка затоа што голем број од играчите се противат на ваквото нешто.

Наводно, високите лица на англиското натпреварување на фудбалерите, менаџерите и стручниот штаб ќе им понудат клучни презентации со кои ќе ги убедат дека ваквите тренинзи во тој момент ќе бидат целосно безбедни.

Ваквите презентации ќе им покажат на клубовите како треба да се вратат на тренингот со контакт меѓу играчите и како тоа треба да се направи за да биде најбезбедно и без фудбалерите да се плашат за своето, но и за здравјето на своите сакани.

Од Премиер лигата така ќе се обидат да ги убедат сите страни да се вратат на такви тренинзи веќе од четврток, следната недела.

Како што веќе пишуваа медиумите во Англија, од Челси се подготвени да го ослободат од обврските Нголо Канте кој стравува дека коронавирусот може да му направи огромни проблеми него и на неговото семејство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни