Поврзете се со нас

Шпанија

Тренингот на Реал потврда за нови проблеми на Анчелоти пред дуелот со Џирона

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид треба да се соочи со сезонава амбициозната Џирона, а тренерот Карло Анчелоти има сериозни проблеми со составот.

Шпанските медиуми јавуваат дека на денешниот тренинг не се појавил ниту Начо, кој добил препорака за одмор од лекарскиот тим поради потенцијален мускулен проблем и засега е нејасно дали ќе може да биде во составот за претстојниот натпревар.

Без Начо, Анчелоти нема класичен стопер на располагање, бидејќи барем засега не е позната состојбата на Антонио Рудигер, за кого постојат теоретски шанси да биде во составот.

Доколку и Начо и Рудигер не се подготвени, веројатно на стоперските позиции ќе се најдат Карвахал и Чуамени, бидејќи Анчелоти и нема некој голем избор.

Неизвесен е и настапот на Винисиус, кој го пропушти дербито со Атлетико, а се чини се уште има проблеми со повредата која го оддалечи од градското дерби.

Натпреварот Реал Мадрид-Џирона се игра во сабота од 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни