Лига Европа
Тренинг акција од слободен удар донесе победа за Јунајтед во Чешка (Видео)
Манчестер Јунајтед одигра две контрастни полувремиња денеска на гостувањето во Чешка, но на крајот сосема заслужено стигна до победа и направи пресврт против Викторија Плзен.
Разочарувачките први 45 минути беа навистина лоши од тимот на Рубен Аморим и Португалецот со гестикулации јасно алудираше дека не е задоволен од тоа што го гледа на теренот, па во продолжение доби позитивен одговор од своите фудбалери.
Иако Викторија беше таа која прва поведе со голот на Видра по големата грешка на Онана, Јунајтед беше тој кој се прашување за случувањата на теренот, а тоа придонесе да видиме два гола на Расмус Хојлунд.
Данецот најпрво израмни на 1:1 по импресивна соло-акција на Диало која заврши со блок и погодок на празен гол за Хојлунд, но моментот на одлука пристигна во 88-та минута.
Откако Мејсон Маунт не реализираше две стопроцентни шанси, на крајот како клучна се покажа една стратешка акција на Рубен Аморим, која повеќе од јасно е вежбана на тренинзите.
Додека сите очекуваа центаршут во шеснаесетникот, Бруно Фернандеш лукаво го проигра напаѓачот, по што овој мајсторски се загради и испрати удар за победа од 2:1.
Видеото од тренинг акцијата погледнете го ТУКА
-
Светски првенства22 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства21 час
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства22 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Светски првенства23 часа
Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја
-
Репрезентација11 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија23 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Шпанија13 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..