Свет
Тренерски егзодус во Португалија: Настрада и предводникот на Порто

Овогодинешната сезона во португалската Примеира носи голема возбуда бидејќи блиску во трката за титулата се трите фудбалски великани, но интересно е и тоа што и Спортинг, Бенфика и Порто се решија за исти потези во период од неколку месеци.
Тековната кампања во португалската елита се издвојува по останатите поради неверојатниот тренерски егзодус кој владее во оваа земја, бидејќи тренерот на Порто денеска стана 12-от кој останал без работа од стартот на сезоната.
Великанот од „Драгао“ загуби на последните два натпревари во домашното првенство и сега има четири бода помалку од лидерот Спортинг, а тоа ја натера управата да му врачи отказ на Витор Бруно, човекот кој пристигна пред само шест месеци за да го наследи Сержо Консеисао.
Претходно, соработката со својот тренер ја заврши и Бенфика која го отпушти Роџер Шмидт, додека шампионот Спортинг Лисабон мораше да менува тренер откако остана без Рубен Аморим кој се пресели во Манчестер Јунајтед.
Инаку, Спортинг веќе го отпушти Жоао Переира кој првично беше донесен како замена за Аморим, па во меѓувреме мораше да го ангажира и Руи Боржес за нов шеф на стручниот штаб.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…