Поврзете се со нас

Македонија

Тренерска смена во прволигашот: Јонуз ќе го води тимот на Скопје

Објавено

на

Поранешниот македонски селектор, Мирсад Јонуз е именуван за нов тренер на тимот на Скопје.

Прволигашот остана без предводник откако Славчо Георгиевски–Тупан реши да ја напушти оваа функција по убедливиот пораз од Работнички (4-0), па управата на клубот експресно реагираше и го назначи Јонуз.

Јонуз по долги години одново ќе води тим од нашиот шампионат, а главна цел е да обезбеди опстанок во оваа екипа која во моментов е на последното место на табелата со 13 бода.

Мирсад ќе дебитира на новата функција на дуелот против Македонија Ѓорче Петров закажан за 8 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни