Свет
Тренерот Нуно се огласи за својот однос со Бензема по бурата од саудиските медиуми

Нуно Еспирито Санто оствари голем успех со Ал Итихад и направи шампион на Саудиска Арабија од тимиот во кој немаше големи ѕвезди, нешто што сепак се промени со почетокот на летниот преоден рок.
Ал Итихад се приклучи на трендот на ангажмани на големи ѕвезди од Европа и привлече фудбалери како Канте, Жота и Фабињо, но повеќе од јасно е дека најголемата ѕвезда ја донесе на стартот на летниот преоден рок.
Карим Бензема го напушти Реал Мадрид и реши да има една егзотична авантура пред крајот на кариерата, но додека сите го очекуваа неговиот прв гол во саудиската Про лига, пристигнаа шокантни информации за нарушен однос со Нуно Санто.
Дел од медиумите во Саудиска Арабија пренесоа дека португалскиот стручњак нема никаков однос со Карим и дека не го посакува во својот тим, но бидејќи овие шпекулации добија тежина, самиот Нуно реши да ги отфрли ваквите информации.
– Сакам да разјаснам една работа. Прочитав во јавноста дека мојот однос со Карим не е добар. Сите кои ме знаат, свесни се дека ова што се пишува е вистинско срање. Мојот однос со сите играчи е ист, имам добар однос со сите во тимот.
– Имаме силен однос како група и задоволни сме од секој поединец во тимот. Среќни сме што Карим е тука со нас, тоа е привилегија. Тој е среќен со нас и тоа може да се забележи на теренот. Добро знам од каде доаѓаат вакви гласини, но таков е фудбалскиот свет, – порача Нуно.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 10 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 20 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик