Поврзете се со нас

Италија

Тренерот на Удинезе за уникатната сцена во Лече: Имаме јасна хиерархија за изведување пенали

Објавено

на

Фото: https://x.com/Udinese_1896

Удинезе го победи Лече на вчерашното гостување во Серија А, а овој дуел стана топ тема поради еден момент од првото полувреме.

Лоренцо Лука инсистираше да го изведе пеналот за Удинезе, а откако реализираше беше повлечен од игра од страна на својот тренер.

Коста Руњаиќ по натпреварот објаснил зошто решил да го повлече Лука, иако тој постигна гол од белата точка и донесе предност за својот тим.

– Имаме јасна хиерархија во однос на изведувањето пенали.

– Не ми се допадна и расправијата на теренот, тој сам ја донесе одлуката и решив да го повлечам од игра.

– Не е првпат двајца фудбалери да се расправаат за изведување пенал, но ние ќе го решиме ова на првиот тренинг. Непочитувањето на правила е нешто што не можам да го игнорирам, затоа морав да преземам нешто конкретно, – изјавил Руњаиќ.

Напаѓач на Удинезе ги одби сите „напади“на соиграчите, даде гол од пенал, па беше заменет од тренерот (ВИДЕО)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни