Поврзете се со нас

Англија

Тренерот на Слован го спореди Гвардиола со Гауди, Пеп одговори во свој стил

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити денеска му гостува на Слован во Братислава во натпревар од Лигата на шампионите и дуел во кој гостите мора да одат на победа, со оглед на фактот што освоија само бод во првото коло против Интер.

Пеп Гвардиола повторно нема да смета на Кевин де Брујне кој не е подготвен да се врати на теренот, а на традиционалната прес-конференција на ден пред дуелот, морал да се брани од комплиментите кои ги добил од тренерот на следниот ривал.

Искусниот Владимир Вајс очигледно има високо мислење за Пеп, па на пресот го споредил со легендарниот каталонски архитект, Антони Гауди.

– Би го споредил Пеп со Гауди. Тој постојано гради нешто и е вистински генијалец. Исто како Гауди кој имал своја идеја за тоа како треба да изгледа една катедрала, така и Гвардиола ги бира фудбалерите според својата филозофија и успешен е во тоа, – рекол тренерот на Слован.

Гвардиола морал да одговори на зборовите на својот колега, но потенцирал дека сите треба да се концентрираат на натпреварот, затоа што сепак се работи за важен дуел од Лигата на шампионите.

– Ги ценам зборовите на колегата, но мислам дека никој не може да се споредува со Гауди.

– Како почна пресов, делува како утре да играме пријателски натпревар. Загрижен бидејќи зборуваме за Гауди и слично, ова е дуел со натпреварувачки карактер. Со новиот формат не знаеме колку бодови ќе ни бидат потребни, мора да размислуваме само за тоа како ќе ги освоиме бодовите, – рекол менаџерот на Сити.

Натпреварот Слован-Сити се игра вечерва од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни