Поврзете се со нас

АТП

Тренерот на Синер откри зошто Италијанецот се тресеше во осминафиналето: Имаше многу среќа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Јаник Синер загуби само два сета на својот пат до втора титула на Аустралијан Опен, а еден загуби во осминафиналето кое се покажа како најтежок меч за него.

Холгер Руне сериозно го предизвика светскиот рекет број еден и го освои вториот сет за 1:1, но во тие моменти многу загрижуваше и состојбата на Синер кој се тресеше крај теренот и мораше да повика медицински тајм-аут.

После паузата која траеше повеќе од 10 минути, Синер се врати значително освежен на теренот и успеа да ја приведе работата до крај со освоени два сета во низа, па откако во продолжение ги доби и трите наредни меча кои му обезбедија нова титула на Мелбурн, сега неговиот тренер откри за што станувало збор.

Дарен Кејхил обелоденува дека Синер имал вирус пред осминафиналниот меч и морал да го откаже тренингот во увертирата за истиот, па во еден момент сите во тимот стравувале и од пораз.

– Синер имаше вирус и се чувствуваше фатално лошо. Да бидам искрен, не знаевме дали ќе може да излезе на теренот, се чувствуваше навистина лошо. Го откажа последниот тренинг, а неговиот меч беше закажан во 14:30 часот попладне, кога температурите беа највисоки. Закажавме загревање, но кога излезе на теренот, беше блед како крпа.

– Да бидам искрен, имаше голема среќа на мечот со Руне. Паузата следеше на средина на третиот сет и можеше да добие лекарства за да му се подобри ситуацијата. Му беа прегледани виталните знаци надвор од теренот и му беше измерена температура. Минаа десет минути пред да се врати на теренот, а кога го направи тоа и ни се приближи, видовме дека полека почнува да му се враќа бојата на лицето, – открива Кејхил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни