Поврзете се со нас

Англија

Тренерот на Шефилд со коментар за иднината на Хендерсон и односот со Јунајтед: Оле секогаш….

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер се наоѓа на слатки маки затоа што во моментов под договор со Манчестер Јунајтед се двајца од најдобрите голмани во англиската Премиер лига.

Голот на „ѓаволите“ го чува Давид Де Хеа, додека на позајмица во Шефилд Јунајтед е Дин Хендерсон кој оваа сезона се покажа како вистински хит и сосема заслужено доби повик и во репрезентацијата на Англија.

Следниве денови ќе падне конечна одлука за тоа дали 23 годишниот голман ќе остане во Шефилд и следната сезона или Јунајтед има други планови за него.

За целата ситуација се огласи и тренерот на Шефилд, Крис Вајлдер кој потврди дека Хендерсон ќе остане до крајот на сезоната и дека тие го сакаат и за следната година во својот тим.

– Вчера зборував со Оле и му се заблагодарив за соработката во врска со Дин. Ние сме во процес, во следните денови ќе финализираме дека Дин ќе остане до крајот на сезоната.

– Мора да кажам, Солскјер е брилјантен со мене и со нашиот фудбалски клуб. Тој се однесува професионално во врска со Дин и вели дека е презадоволен со тоа што го направил Дин за нас. Имавме иницијални разговори. Ние сме отворени Дин да се врати и следната сезона, но имаме голема почит до Манчестер Јунајтед затоа што тој е нивен играч и тие ќе ја донесат конечната одлука, секако во разговор со Дин, -изјави Крис Вајлдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни