Лига Европа
Тренерот на Севилја оствари животно достигнување: Вакво нешто немав видено

Севилја направи пресврт на „Рамон Санчес Писхуан“ и го победи Јувентус со 2:1 во продолженијата, триумф со кој се пласираше во седмото финале во Лигата на Европа.
Шпанскиот тим од Андалузија се претвори во специјалист за ова натпреварување, а тоа го докажа и во сезоната која изгледаше како загубена пред само два месеци.
Севилја промени двајца тренери оваа сезона (Лопетеги и Сампаоли), но ангажманот на Хосе Луис Мендилибар се покажа како полн погодок, без оглед на тоа што искусниот шпански стручњак досега предводеше мали екипи како Еибар, Алавес, Осасуна, Валјадолид и Леванте.
– Оваа победа и ова финале еп ремија за тренерите кои тренирале мали екипи во своите кариери. Јас бев навикнат да се борам за нешто друго. Оваа победа покажува дека има квалитетни тренери и кај оние кои се пониско.
– Со добар тим можете да направите големи нешта, ова е премија за тренерите кои во теорија трениравме мали екипи. Притискавме и успеавме да направиме пресврт. По нивниот гол, изгледаше дека се е завршено, но публиката ни даде ветер во грб. Атмосферата на стадионот беше фантастична, разговарав за тоа и со моите асистенти. Вакво нешто немав видено, – изјави Мендилибар по победата над Јуве.
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Германијапред 11 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Италијапред 10 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 14 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 9 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 7 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 14 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 5 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)