Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Сеул со жестока забелешка до поранешната ѕвезда на Јунајтед: Вредноста на неговото име не ми значи ништо!

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/fcseoul

Џеси Лингард ја запиша првата победа како член на Сеул на третиот настап кој го имаше за овој тим, но тренерот на корејскиот клуб воопшто не е задоволен од поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

Сеул на домашен терен славел над Жежу со 2:0 и Лингард ги одиграл последните 30 минути, по што добил доста жестоки критики од тренерот на првиот тим.

Како што пренесуваат корејските медиуми, Ким Џи-Донг не препознава ѕвезди во својот тим, па јасно му го ставил до знаење тоа и на Лингард во неговите први натпревари во К лигата.

– Иако влезе како резерва и требаше да биде свеж,  тој не работеше напорно за тимот и избегнуваше дуели со противниците.

– Вредноста на неговото име не ми значи ништо, тоа за мене нема никакво значење на теренот. Ќе му го кажам токму ова во соблекувалната, – изјавил Ким Џи Донг.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни