Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…

Објавено

на

Реал Мадрид не се прослави во финалето на Супер Купот на Шпанија каде доживеа тежок пораз од Барселона, но тоа е веќе во историјата и „кралевите“ мора да се фокусираат на наредните предизвици, а првиот ќе го имаат вечерва и тоа во рамките на Копа Дел Реј.

Клубот од шпанската престолнина ќе го пречека составот на Селта Виго во дуелот кој е закажан за 21:30 часот, средба во која гостите од Галиција влегуваат амбициозно и веруваат дека имаат големи шанси да го елиминираат фаворитот од ова натпреварување.

-Тешко е да се игра против Реал Мадрид во кое било сценарио, а уште повеќе на домашен терен, но, како и сите тимови, тие имаат слабости и ние мораме да ги искористиме. Јасен ни е патот како можеме да ги победиме и дека можеме да го направиме тоа, ќе се обидеме.

-Знаеме дека мора да бидеме совршени за да можеме да го елиминираме европскиот и шампионот во Ла Лига. Имаме 50% шанси да поминеме, како и во секој натпревар. Резултатот против Барселона ги прави поопасни, -порача тренерот Клаудио Хиралдес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни