Тренерот на Рома си призна: Немаме квалитет да се бориме за Скудетото

di-francesko-3293289

Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо призна дека неговиот тим не е подготвен за Скудетото.

„Волчицата“ се наоѓа на петтото место, со бод помалку од четвртопласираниот Лацио и 12 помалку од лидерот Наполи. Сепак, Рома го освои првото место во својата група во Лигата на шампиони, завршувајќи пред Челси и Атлетико Мадрид.

За Серија А, Ди Франческо е помирен дека титулата е надвор од нивниот дофат.

– Немаме квалитет да се бориме за титулата. Ќе продолжиме да работиме позитивно, треба да го пронајдеме вистинскиот баланс и да го вратиме тимот на нивото од пред некое време. Сите сме со желба да се вратиме на вистинскиот пат – вели тренерот на Рома.

Facebook Коментари