Шпанија
Тренерот на Рајо смета дека Димитриевски и соиграчите профитирале од една одлука на Анчелоти

Рајо Валјекано мораше да страда и да стравува до последната секунда од натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот успеа во намерата и освои голем бод на тешкото гостување.
Играч на мечот беше нашиот Столе Димитриевски кој имаше спектакуларна партија во домот на „кралевите“, а иако доби пофалби од цела јавност за изданието кое го имаше, тренерот Франсиско во својата анализа за ремито посочи дека им помогнала и една одлука на Карло Анчелоти.
Италијанецот го повлече Лука Модриќ од игра на 20 минути пред крајот, а Франсиско вели дека неговиот тим дишел многу помирно без Хрватот на теренот.
– Добро го подготвивме мечот и целта беше да имаме висок пресинг во нивната половина, но тие добро го интерпретираа мечот и Модриќ играше странично. Тоа направи да мораме да чекаме и се браниме во добар дел од мечот. Мислам дека ги исконтролиравме добро Винисиус и Белингем, без оглед на тоа што немавме голема инволвираност на нивната половина.
– Модриќ најдобро ја читаше нашата игра и интерпретираше каде може да ни нанесе штета. Имавме проблеми со него, а кога тој излезе од игра, мојот тим беше подобро поставен и полесно дишевме. Иако страдавме до крајот, имавме поголема контрола на случувањата на теренот. За да освоите нешто на вакво стадион мора да страдате, а ние го направивме тоа, – изјави Франсиско.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг