Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Рајо: Можеме да ја победиме Барселона, тоа не е…

Објавено

на

Барселона и Рајо Валјекано вечерва ќе го затворат 24.коло во шпанската Примера и тоа соочувањето на „Монжуик“ закажано за 21 часот.

Ова е значаен меч за каталонците кои со победа можат да се вратат на првото место на табелата по киксовите на Реал и Атлетико Мадрид, но тоа нема да биде лесна мисија затоа што Рајо е состав кој е во форма, ритам и потврда за тоа е што немаат пораз во шампионатот уште од почетокот на декември.

Таа серија ја крена самодовербата во екипата, па тренерот Ињиго Перез порача дека се подготвени да ја шокираат Барселона.

-Ние сме во многу добра форма, но се соочуваме со ривал кој нема слабости. Мислам дека можеме да победиме и тоа не е празна изјава, но мора да бидеме свесни дека е едно од најтешките места да се оди и да се игра во Ла Лига, -рече Перез кој е импресиониран од Ханси Флик.

-Флик може да ги убеди играчите на Барселона да трчаат како да играат за Рајо. Тоа е импресивно, што тој може да ги убеди играчите на такво ниво дека физичкиот напор ве доближува до вашите цели, -порача предводникот на клубот од Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни