Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Рајо: Мора да бидеме искрени, Реал можеше да добие пенал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RayoVallecano

Реал Мадрид не успеа да стигне до посакуваните три бода на дуелот со Рајо Валјекано, а од таборот на „кралскиот клуб“ сметаат дека се оштетени од судиите.

Посебно се потенцира недосудениот пенал по дуелот меѓу Абдул Мумин и Винисиус, за кој во Реал сметаа дека имало доволен контакт да се покажа на белата точка.

Главниот судија и ВАР собата не реагираа, а тренерот на Рајо признал дека имало елементи за пенал и немало да биде изненаден ако судиите донеле таква одлука.

– Не сакам да лажам, мислам дека Мумин го закачи Винисиус.

– Секогаш сакам да бидам чесен и од она што го видов, мислам дека можеше да биде досудено во нивна корист. Тоа се деликатни моменти и во ВАР собата мора да бидат многу внимателни во вакви ситуации, – рекол Иниго Перез.

Натпреварот заврши со резултат 3:3, со што Реал не успеа да го оствари посакуваниот пласман на табелата по ова коло.

Анчелоти убеден дека Реал бил оштетен во завршницата: Не досудија чист пенал над Винисиус (Видео)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни