Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на ПСВ веќе е воодушевен од Перишиќ: Останатите играчи треба само да го гледаат

Објавено

на

Foto:x.com/PSV

Иван Перишиќ долго ја држеше јавноста во неизвесност пред да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но на крајот истата беше помалку изненадувачка и неочекувана.

Самиот Хрват призна дека и самиот не очекувал да заврши во ПСВ, но нагорниот тренд кој владее во овој клуб под водство на Петер Бош на крајот беше пресуден за да се пресели во Ајндховен.

ПСВ како актуелен холандски шампион ја започна сезоната на најдобар можен начин во домашното првенство, а искуството на Перишиќ ќе треба да му помогне на тимот и во Лигата на шампиони.

Иван со години наназад важеше за еден од најдобрите играчи во Серија А, па на 35-годишна возраст ќе се обиде во ПСВ да го пронајде мирот, но и формата која го красеше пред да заработи тешка повреда на коленото.

Сомнежи во такво сценарио нема Петер Бош, тренерот на ПСВ кој вели дека е импресиониран од работата на Хрватот уште во првите неколку дена.

– Веќе сум импресиониран од Перишиќ. Неговиот победнички менталитет ме воодушеви уште на старт. Останатите играчи од првиот тим треба само да го гледаат Иван и да учат од него. Тој дава една слика за тоа што треба да направите за да стигнете до врвот, – потенцира Бош.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни