Балкан
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија

Партизан утре игра дерби во домашниот фудбал против Војводина, но најавата за овој натпревар предизвика големи реакции во Србија, а причина за тоа беше изјавата која ја даде тренерот Игор Дуљај.
Предводникот на „црно-белите“ ја загрижи цела спортска јавност со зборовите кои ги употребил на прес-конференцијата, откако на новинарите им признал дека не знае каде се наоѓа неговиот репрезентативец кој настапува за Мали, а кој си заминал од Белград пред две седмици.
Станува збор за Фусени Дијабате, за кого малку требаше да почне да се смета за исчезнат, особено откако дојде информација дека не ги одиграл ниту двата натпревари за Мали на кој бил повикан.
Тренерот Дуљај ги натера српските медиуми да отворат своја истрага и да кренат голема прашина околу оваа тема, по што истата мораше да ја смирува секретарот на Партизан, кој сепак знаел што се случило со првотимецот.
– Дијабате остана без својата баба која починала. Тој се уште е во својата земја и во недела ќе се врати во Белград, – изјавил генералниот секретар на Партизан, Милош Визура.
Ова недоразбирање предизвика непотребен циркус во спрпската спортска јавност, но истовремено докажа дека има очигледен недостаток на комуникација во клубот, што дефинитивно е загрижувачки кога еден тренер не знае каде е неговиот фудбалер и дали ќе може да смета на него за следниот меч.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 9 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)