Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Осасуна издвоил играч на Барселона: Тој е многу потценет фудбалер

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона го дочекува 27. коло во Ла Лига од првата позиција, а вечерва ќе биде голем фаворит и на соочувањето со Осасуна.

По триумфот во Лигата на шампионите против Бенфика, избраниците на Ханси Флик им се враќаат на домашните обврски, а противничкиот тренер Висенте Морено не штедел комплименти за играчите на каталонскиот гигант во најавата за овој дуел.

– Рафиња е потценет фудбалер, мислам дека во моментов тој е еден од најдобрите светски фудбалери, имајќи го предвид ефектот во нападот и пожртвуваноста и ангажманот во фазата на одбрана.

– Зборуваме за елитен играч, – рекол Морено.

Бразилецот досега постигна 25 голови во сите натпреварувања, вклучувајќи и дел од најважните сезонава, а неговата екипа има добри шанси да се бори за повеќе трофеи сезонава.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни