Поврзете се со нас

Франција

Тренерот на Мец бесен на Мбапе за провокацијата по победничкиот гол: Ќе биде сакан кога ќе научи што е понизност! (Видео)

Објавено

на

ПСЖ на втор меч во низа стигна до победа во судиското надополнување, а ако пред неколку дена херој беше Икарди, изминатава ноќ на гостувањто во Мец јуначки епитет доби Ашраф Хакими кој постигна гол за триумф длабоко во продолжението.

Десниот бек погоди во 94-та минута и ја шокираше домашната публика на преполниот стадион, но нервозата беше двојно поголема кај фудбалерите и стручниот штаб на Мец поради она што се случи дополнително по голот.

Килијан Мбапе го провоцираше голманот Александре Окиџа по победничкиот гол на Хакими и овој вториот заработи жолт картон поради тоа што ја бркаше младата ѕвезда на ПСЖ, но во дадениот случај, опомена доби и Нејмар кој нервнозно реагираше обидувајќи се да го заштити соиграчот.

Оваа сцена го разочара тренерот на Мец, кој во обраќањето пред медиумите не пропушти да порача дека големата француска ѕвезда ќе биде сакана од сите во домашната земја кога ќе научи да биде понизен.

– Навистина го сакам Мбапе како играч, но тој мора поинаку да се однесува кон противниците ако сака да биде сакан од сите. Би имал голема корист ако научи што значи понизност. Би имал голема корист ако научи да биде понизен на теренот, – порачал тренерот Фредерик Антонети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни