Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Мајорка со легендарна изјава за новиот јунак на Барса: Овој глушец е бесрамен! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Хавиер Агире со години наназад се истакнува како најхаризматичен тренер во Ла Лига, а шоута кои знае да ги приреди на прес-конференциите се ненадминливи кога е шпанскиот фудбал во прашање.

Искусниот мексикански стратег пред извесно време ја однесе Мајорка во големото финале во Копа дел Реј и тогаш го прекина пресот за да изврши телефонски повик, но вчеравечер по мечот со Барса во Каталонија ги изнасмеа новинарите со споредбата која ја направи.

Неговиот тим загуби од Барса поради моментот на генијалност на Ламин Јамал, па додека даваше коментар за 16-годишниот суперталент на Барселона, Агире не пропушти да го спореди со Лео Меси.

– Меси имав можност да го видам уште кога беше во петлињата на Барселона. Го видов пет минути и ми беше доволно. Се пробиваше како глушец, не престануваше да дава голови.

– Ова дете исто изгледа како глушец кој е бесрамен. Премногу е млад, но тука работат многу добро со младите играчи и ако продолжи вака, сигурен сум дека ќе донесе голема радост за Барселона, – изјави Агире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни