Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Мајорка со интересен коментар пред вечерашниот натпревар: Го налутив Меси, а тој ми рече…

Објавено

на

Навивачите на Барслеона по цели три месеци чекање конечно ќе може да го видат својот тим на терените откако фудбалот во Шпанија го доживеа своето враќање.

Барселона ќе биде домаќин на аутсајдерот Мајорка и во првиот натпревар по рестартот на сезоната е голем фаворит за освојување на трите бодови.

Првиот меѓусебен натпревар меѓу овие два тима заврши со победа на „каталонците“ од 5:2, а интересна приказна од истиот раскажа тренерот на Мајорка, Висенте Морено.

Имено, Морено влегол во конфликт со Лионел Меси и го обвинил дека симулира, а Меси луто му одговорил на тоа. Конфликтот се случил на полувремето, а за истиот од прва рака раскажа самиот Морено.

– Играчите беа лути на мене по натпреварот затоа што го налутив Меси. Беше баш лут и на полувремето во тунелот ми рече дека ќе ни дадат седум голови.

– Не успеаја да го сторат тоа, но сеедно тој ни даде три гола. Без дилеми е најдобар светски фудбалер. Тој е генијалец кој постојано ве воодушевува. Ќе ни бидетешко без навивачи, но ќе се обидеме да дадеме достоен отпор, -порача Морено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни