Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Лос Анџелес откри зошто Бејл не добива минутажа

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Герет Бејл веќе ги воодушеви фановите на Лос Анџелес со првите настапи и голови во дресот на МЛС клубот, но не доби минутажа на последните две средби во првенството.

Велшанецот за среќа не е повреден, а тренерот Стив Черундоло им објаснил на новинарите зошто Бејл не бил во комбинација, исто како и Џорџо Кјелини.

– Бејл не е целосно подготвен.

– Продолжуваме напред, нормално е да се јави по некој проблем и болка за време на период кој за нив е како да се во предсезона.

– Тешко е да очекуваме од нив да одиграат 90 минути секое коло, мора да бидеме внимателни и тоа се однесува на двајцата, – објаснил Черундоло.

Лос Анџелес има големи амбиции во МЛС и во моментов е убедливо прв во западната конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни